Во просториите на Europe House Струмица, се одржа 6-то издание на изложбата ,,Несовршен простор” на тема „Пукнатини“ - Europe House

10 Окт

BACK

Во просториите на Europe House Струмица, се одржа 6-то издание на изложбата ,,Несовршен простор” на тема „Пукнатини“

Трагајќи по совршениот простор и пристап на ликовното дело, во концептот на изложбата се бараа синхронизациите меѓу просторот во кој се создава и просторот во кој се изложува ликовното дело. Оваа изложба направи синтеза од различностите меѓу стилските особености на неколку ликовни творци што активно создаваат во своите ателјеа: Андреј Митевски, Трајче Чатмов, Синиша Новески, Тони Попов, Перо Георгиев, Марјан Стојаноски, Љупка Галазка Василев, Ване Костуранов, Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Ѓорги Динев, Вангел Срнаков, Озбек Ајваз и Верица Арапова.
Наградата,,Владимир Георгиевски”, во сеќавање на големиот мајстор на ликовната уметност, професорот Владимир Георгиевски, оваа година се додели на младиот ликовен уметник Ѓорги Динев, а изборот на победникот беше направен во соработка со проф. д-р Фехим Хусковиќ.
Изложбата ќе биде поставена до крајот на месец октомври.
Subscribe To our newsletter!