“Младински приказни/YOUth Stories” – изложба на младиот уметник и блогер Роберт Крстевски на главниот плоштад во Крива Паланка.
Методот на подготовка на оваа изложба се директни интервјуа и креативни разговори со младите лица чии приказни и пораки се негова инспирација. Тој во својата изложба има вклучено млади лица од целиот северо-источен регион на нашата земја.
“Концептот го смисливме врз основа на пораките што младите личности сакаа да ги пренесат. Започнуваме со тоа дека ,,ти” како личност заслужуваш да живееш квалитетна и перспективна младост. Потоа, застануваме против врсничкото насилство и даваме поддршка да ги користиме разликите како суперсили.
Вториот дел е уметничкиот поглед кон светот. Младите испраќаат пораки дека уметноста треба да се негува и почитува во сите нејзини форми.
Најсилните зборови ја затвораат оваа изложба, а тоа се пораките кои повикуваат на мир и единство бидејќи сите ние сме различни, но сепак исти – сите ние сме луѓе.” – Роберт Крстевски