Ве покануваме на „EUROPEAN CULINARY GATHERING“!
Дегустирајте ја традиционалната храна на земјите членки на ЕУ, подготвена од врвни мајстори од ЕУ Амбасадите учеснички во овој настан, како и учениците од средното стручно угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев“.
Во текот на оваа недела учениците од угостителство имаат несекојдневна можност, да се запознаат поблиску со кујните на земјите членки на ЕУ, да научат за нивните кулинарски богатства и да ги развијат своите стручни вештини како идни кулинарски професионалци.
Пред саботниот голем настан од 16-20 мај, овие индивидуални групи ќе работат на подготовка на избраното јадење со назначениот готвач/персонал од амбасадата во просториите на угостителското училиште.
Повелете да уживаме заедно во традиционалните кујни за земјите учеснички членки на ЕУ
Придружете ни се на ова несекојдневно кулинарско доживување, кое ги носи мирисите и вкусовите од Европа во Градскиот Парк во Скопје!
Се гледаме на Школка во Градскиот Парк, во сабота од 12:00 до 14:00ч.