Недела на филмски проекции и дискусија - Europe House

Недела на филмски проекции и дискусија

Date and time: јуни 20, 2022 - јуни 23, 2022

View More
По повод Светскиот ден на бегалците, 20 Jуни, Младински образовен форум, во партнерство со УНХЦР и Делегација на Европска Унија, ве кани на три проекции на филмот Welcome to Norway во режија на норвешкиот режисер Rune Denstad Langlo. Проекциите ќе бидат емитувани во просториите на Europe House во Скопје, Струмица и Крива Паланка.
Распоред и време на филмски проекции
Проекција на филм во Europe House Скопје – 20.06.2022 – 19:30 часот
Проекција на филм во Еurope House Струмица – 22.06.2022 – 18:00 часот
Проекција на филм во Europe House Крива Паланка – 23.06.2022 – 19:30 часот
По завршувањето на филмската проекција, ќе има дискусија на која учесниците ќе можат да разменат мислења и ставови околу содржината на филмот, како и да поразговараат повеќе околу различни теми поврзани со мигрантите, бегалците и барателите на азил. Дискусијата ќе ја води модератор.
Сите заинтересирани своето присуство треба задолжително да го пријават на овој формулар: https://forms.gle/6sNhg6ZYCEMRGAA8A, најдоцна до понеделник, 12:00 часот пладне.
За филмот:
Под ризик да ги загуби и хотелот и семејството, главниот јунак добива идеја која би решила се: тој го претвора хотелот во центар за азил на бегалци и покрај неговиот општ скептицизам кон нив. Но, кога првиот автобус натоварен со баратели на азил пристигнува во неговиот стар хотел, предизвиците почнуваат. Педесет премрзнати бегалци, еден оптимистичен Африканец, норвешката Дирекција за имиграција, депресивна сопруга и ќерка тинејџерка брзо стануваат голем товар. Филмот се фокусира на желбата на еден човек да направи сѐ што е во негова моќ за да не ги изгуби работите во кои вложил најмногу: неговиот хотел и неговото семејство.
*****
За секоја дополнителна информација, обратете се на ivona_stojcevska@mof.org.mk.
Оваа активност е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината создадена во рамките на активноста не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.
Subscribe To our newsletter!