ЕВРОПСКА НОЌ НА ИСТРАЖУВАЌИТЕ 2025 - Europe House

22 Сеп

BACK

ЕВРОПСКА НОЌ НА ИСТРАЖУВАЌИТЕ 2025

ЕВРОПСКА НОЌ НА ИСТРАЖУВАЌИТЕ 2025

20 YEARS OF EUROPEAN RESEARCHERS’ NIGHT: SKOPJE HOSTS THE CERN EXHIBITION

 

Делегацијата на ЕУ и Јуроп хаус вчера, со настан во просториите на Дајмонд Мал, ја одбележаа Европската Ноќ на Истражувачите 2025. Настанот претстави финален чекор од бројните активности кои Јуроп хаус ги организираше низ целата земја. Оваа година е јубилејна за науката, бидејќи низ цела Европа се одбележуваат 20 години од Европската Ноќ на Истражувачите, што ја прави 2025-та значаен момент во промовирањето на науката. Токму затоа, главниот настан оваа година, изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“, се реализираше во соработка со една од најважните светски научни институции – ЦЕРН, водечкиот центар за нуклеарна и честичка физика, како и со Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

May be an image of 5 people and crowd

За време на отворањето на изложбата се обратија амбасадорот на ЕУ, Н.Е. Михаелис Рокас, проф. д-р Мимоза Ристовска од Институтот за физика при ПМФ, д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН, како и Јан Стојановски, студент од ПМФ, меѓународно признат по физика и математика и претставник на новата генерација млади истражувачи. Амбасадорот Рокас во своето обраќање истакна: „Целта на овој настан е да ја разгори љубопитноста кај младите и да ги охрабри да се стремат кон кариера во науката и технологијата. Преку изложби како оваа, покажуваме дека науката не е апстрактна – таа е жива, жива практика која влијае на сите нас. Во време кога дезинформациите и теориите на заговор премногу често доминираат во јавниот дискурс, ваквите иницијативи ја демонстрираат посветеноста на ЕУ кон знаење засновано на факти и критичко размислување. Како што вели познатата полско-француска физичарка и хемичарка, добитничка на Нобелова награда, Марија Склодовска-Кири: „Од ништо во животот не треба да се плашиме, само треба да разбираме. Сега е времето да разбереме повеќе, за да се плашиме помалку.“ Д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН додаде: „Би сакал да ја изразам својата благодарност до Јуроп Хаус и до научната заедница од Скопјe за одлуката да го посвети овој настан, како дел од Европската ноќ на истражувачите, на изложба за ЦЕРН. Се надевам дека оваа изложба ќе придонесе, макар и во мала мера, кон активностите на Јуроп Хаус што водат кон членство на вашата земја во Европската Унија и ги промовираат приоритетите и активностите наменети за помладата генерација. Искрено се надевам дека оваа изложба ќе биде мост за продлабочување на врските и зајакнување на соработката меѓу ЦЕРН и македонските научници и дозволете ми да додадам дека во би ни било мило да ве имаме како наши гости во ЦЕРН!“. Проф. д-р Мимоза Ристовска, која во текот на 2020 година престојуваше во ЦЕРН во Женева, истакна: „Додека денес на оваа изложба ги гледаме научните резултати и технологиите кои произлегоа од ЦЕРН за добробит на човетвото,  да се потсетиме дека зад нив стои Европскиот дух на соработка меѓу народите, којшто некој внимтелно го зародил.” Јан Стојановски, студент и млад истражувач, изјави: „Особено сум горд што и во нашата земја има научници кои работат во различни области и кои се дел од меѓународни тимови. Од учествата на натпревари сум видел дека има и многу млади кои се подготвени да го посветат својот живот на науката. Се надевам дека ќе продолжат по тој пат и ќе го развиваат овој благороден повик.“  Во наредните две недели изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“ на посетителите ќе им даде можност да ја истражат историјата на универзумот и честичката физика, да учествуваат во виртуелни прошетки низ акцелераторот на ЦЕРН и да го посетат детското научното катче која преку игра ќе ги запознае децата со атомите и периодниот систем.

May be an image of 2 people, television, newsroom and text

May be an image of 1 person and text

May be an image of 3 people and newsroom

May be an image of 3 people and text

May be an image of 10 people, crowd and text

May be an image of 5 people, crowd and text

Активности по повод Европската Ноќ на Истражувачите се одржаа и во Битола, Струга, Охрид, Тетово, Велес, Крива Паланка, Куманово и Струмица, каде беа реализирани паралелни програми со различни иницијативи, но сите во духот на науката и истражувањето. Во Битола граѓаните имаа можност да доживеат виртуелна реалност, во Струга и Охрид се организираа активности под мотото „Наука покрај брегот“, во Струмица децата и средношколците беа вклучени во креирање научни експерименти, а во Велес беше реализирано научно „ловење богатство“. Во Крива Паланка и Куманово учениците учествуваа во лабораториски сесии кои на крај добија и симболичен „пасош за млад научник“. Во руралните училишта од тетовскиот регион младите беа вклучени во лабораториски работилници, а планирано е и преку Јуроп хаус, ученици од Кочани да допатуваат во Скопје за да ја посетат изложбата на ЦЕРН. Дополнително, во рамките на програмата планирано е да се одржи уште еден настан, поточно мастер-клас на д-р Тадеуш Куртика од ЦЕРН на тема “ЦЕРН, Големиот хадронски сударач и идните забрзувачи на честички”, кој ќе се реализира во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

May be an image of 4 people

May be an image of 5 people and people studying

May be an image of 1 person

May be an image of 5 people, speaker, crowd and text that says 'TICON W HOUŠE HOUSE'

Со одбележувањето на Европската Ноќ на Истражувачите и партнерството со ЦЕРН и Институтот за физика при ПМФ, Делегацијата на ЕУ и Јуроп хаус уште еднаш ја истакнаа својата силна посветеност кон науката, истражувањето и иновациите. Преку ваквите настани се овозможува не само да се приближи науката до јавноста, туку и младите да ја видат својата иднина како дел од европската научна заедница. Настаните имаат за цел да им дадат видливост на младите талентирани истражувачи, да ги поврзат со светски научни практики и да им понудат инспирација за нови идеи и достигнувања. Оваа иницијатива ја нагласува важноста науката да биде достапна за сите, без разлика дали се ученици, студенти или љубопитни граѓани кои сакаат да дознаат повеќе.

Изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“ во Дајмонд Мал во Скопје останува отворена за јавноста до 15 октомври. Сите заинтересирани се поканети да ја посетат, да откријат фасцинантни факти за универзумот и честичката физика и да ја доживеат науката одблизу преку интерактивни содржини и едукативни активности.

 

 

Subscribe To our newsletter!