Новости Archives - Page 15 of 16 - Europe House

Отворен ден со Млади Европски Амбасадори

Во ⭐️Europe House⭐️ Скопје се одржа YEA Open Day – прилика за младите луѓе од 🇲🇰 да дознаат повеќе за тековниот повик за Млади Европски Амбасадори #YEA.
Преку отворени разговори во текот на целиот ден 🔛 со Александар, Сара, Ана, Дона и Војдан се информираа ‘од прва рака’ што значи да се биде Млад Европски Амбасадор.
На настанот се придружија и Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир, а новото членство на Сојузот на Средношколци на 🇲🇰 кажа #YEStoYEA 🆒.
Повикот е отворен до 1️⃣0️⃣ јули

#YouthTalks со македонски спортисти и спортски активисти

И покрај пандемијата, изнајдовме начини да останеме во близок контакт со младите луѓе во 🇲🇰. Средношколските посети ги заменивме со виртуелни средби, младите луѓе и Младите Европски Амбасадори #YEA ги поврзавме и преку-гранично и на ниво на Западен Балкан.
Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир денес ги имаше и првите #YouthTalks – со македонски спортисти и спортски активисти. Спортот е пасија, професија, животен стил, но и – двигател на промени. Со ведриот пристап на #YEA Ана Ќупева отворено разговаравме за спортот од аспект на родова еднаквост, инклузија, социјализација, ментално здравје и регионален пристап.
Разговорот го водевме од Europe House Skopje, но за прв пат истовремено бевме поврзани со ⭐️Europe House⭐️ во Крива Паланка и Струмица. 📍

Изложба „Несовршен простор“ во Europe House Струмица

Изложбата „Несовршен простор“, е посетавена во Europe House  Струмица, во организација на Здружението за култура Транзен. Секоја година здружението ја доделува наградата Владимир Георгиевски, во чест на великанот на македонската ликовна уметност, професорот Владимир Георгиевски.
Оваа година шеснаесет сликари и вајари го истражуваат феноменот на Метаморфозата, а наградата ја доби ликовниот уметник Андреј Митевски за скулптурата „Форма која се раѓа“.
Учесници: Андреј Митевски, Тони Попов, Милан Андов, Ване Костуранов, Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Стефан Младеновски, Ѓорги Динев, Љупка Галазка Василев, Марија Мицова Гацова, Владимир Илиевски, Илија Маџаров, Илко Стојановски, Славица Милева, Давид Атанасовски, Верица Арапова.
\

„Жан Моне“ Медиумска Награда 2020

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска ја додели наградата „Жан Моне“ и тоа во три категории, за најдобра новинарска сторија, за најдобра професионална фотографија и за најдобра аматерска фотографија.

Новинарките Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ ја освоија наградата во категоријата најдобра новинарска сторија во 2020 година за текстот со наслов „Од Вива ла Дива до победа во Стразбург – колку државата е отворена за транс права“ во кој се обработуваат предизвиците со кои се соочуваат трансродовите лица во Македонија.

Наградата, пак, за професионална фотографија и припадна на Арбнора Мемети за фотографија објавена во Мета.мк, додека за наградата за најдобра аматерска фотографија му припадна на Виктор Поповски.

Отворање на изложбата „Бегство“

Резиденцијата на 🇪🇺 е повторно домаќин на дела на македонски уметници, овојпат споени под насловот „БЕГСТВО„ како продолжение на претходната изложба „Уметноста на досадата”, која беше инспирирана од изолацијата што произлезе од пандемијата во текот на изминатата година.
Уметничката изложба беше отворена од Амбасадорот Дејвид Гир и Министерот Бујар Османи, а изборот на уметници го изврши скопската галерија „Акантус”.
„БЕГСТВО” опфаќа дела што нудат излегување од реалноста преку неверојатна уметност, и ќе биде отворена за јавноста до 30 јуни 2021 година.

Дебата со млади од Западен Балкан, млади амбасадори и ЕУ амбасадори

На 09 мај, Денот на Европа имаме уникатна можност да ги поврземе младите луѓе од Западен Балкан со Европската Унија!
24 средношколци, 12 млади европски амбасадори и 6 амбасадори на ЕУ ќе разговараат за можностите за поврзување на Европската Унија со младите луѓе.

 

Делегацијата на 🇪🇺 избира „Европејци на годината“

Делегацијата на 🇪🇺 избира „Европејци на годината“ Три категории – три кандидати кои се одлика на Европските вредности преку својата работа во 2020

Од 29-ти Април започнува гласањето за „Европејци на годината“ во три категории:
🧑‍⚕️ Здравствени работници
✅ Заштита на животна средина
📢 Млади активисти
Правила за гласање: Можете да гласате по еднаш, за еден кандидат во секоја категорија. Коментарите не се вбројуваат во гласовите.
Гласањето ќе трае до 5-ти Мај, а победниците ќе ги соопштиме на 9-ти Мај.
Кои се вашите фаворити❓👉 https://poll.app.do/3180279

 

Продолжен рокот за конкурсот за наградата „Жан Моне“

Делегацијата на Европската Унија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги известуваат сите новинари и медиумси работници дека рокот за аплицирање на конкурсот за 18-тото издание на наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности” е продолжен до 21 април.

Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории:

  1. Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми, телевизија, радио и/или на интернет);
  2. Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет);
  3. Најдобра аматерска фотографија.
  1. Конкурс за најдобра новинарска сторија

Во оваа категорија може да учествуваат стории коишто се однесуваат на темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”, а чиишто автори се новинари од државата. Сториите треба да бидат објавени во домашни весници, списанија, телевизии, радио или на веб-страници, во периодот меѓу 1 јануари 2020 и 31 декември 2020 година.

Сториите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да се однесуваат на темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”;
  • Да се објавени во периодот меѓу 1 јануари 2020 и 31 декември 2020 година;
  • Да се потпишани со вистинското име на авторот.

Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат (видео фајл за ТВ и радио), заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@europehouse.mk, најдоцна до 21 април 2021 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

  1. Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)

Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од државата, кои може да поднесат до три (3) фотографии на тема „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”, објавени во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2020 година.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да бидат поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”;
  • Да се објавени во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2020 година;
  • Да не се користени за комерцијални цели.

Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@europehouse.mk, најдоцна до 11 април 2021 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

  1. Конкурс за најдобра аматерска фотографија

Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од државата кои може да достават една фотографија на тема „Заедницата – тоа сме ние“. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да биле претходно објавени.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да се однесуваат на темата „Заедницата – тоа сме ние“;
  • Да не се користени за комерцијални цели.

Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: JMcompetition@europehouse.mk, најдоцна до 11 април 2021 година, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по една (1) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

Награда: диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 500 евра.

Забелешка: Оваа активност е организирана во соработка со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда. Оваа активност не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Дополнителни информации­­­

За добитниците на наградите ќе решава жири комисија составена од пет члена.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28 април 2021 година.

Subscribe To our newsletter!