Галерија Archives - Page 3 of 13 - Europe House

The play “Edward Scissorhands ” was performed on the youth stage of the Theater for Children and Youth – Skopje. part of Europe House Skopje 2nd birthday. The audience had the opportunity to see a play that speaks loudly about tolerance and diversity, accepting differences and overcoming prejudices. Therefore, we wanted to encourage young high school students to think about how mature our society is and how can we coexist with someone who looks different, speaks differently, dresses differently from us❓

Дебата со студентите и активистите на Економски факултет по повод вториот

Вчера, на Економски факултет – УКИМ одржавме уште една дебата со младите луѓе во контекст на Конференцијата за иднината на Европа #CoFoE.
Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир и претставниците на Универзитетско студентско собрание – УКИМ, Студентски правобранители – УКИМ и Сојуз на Средношколци на РСМ дискутираа за квалитетно образование и младинскиот активизам. Беа разменети одлични идеи за подобра иднина.
На наше огромно задоволство, новоизбраните #YEA Млади Европски Амбасадори Мила Младенова, Ирена Шуменковска, Дамјан Златановски, Иван Дургутов и Панче Патоски беа дел од оваа дебата заедно со нивните поискусни колеги Војдан Узунов и Александар Каратошо.

Вториот роденден на Europe House Скопје го прославивме и со организациите на животната средина во Бостание – првата отворена општествена градин

🥳Вториот роденден на Europe House Скопје го прославивме и со организациите и активистите на животната средина во Бостание – првата отворена општествена градина во Општина Аеродром! 🟢
Во неформална атмосфера на отворено, под есенското сонце и амбиенталните звуци на Perija , 🇪🇺 Амбасадорот Дејвид Гир и неговиот Заменик Џулијан Васало се сретнаа со ентузијатите и активистите за животна средина, меѓу кои и Zelenata Arka кои се вредни активисти на општествената градина.
🥗А автентичноста на настанот ја зачинија и кулинарските можности на тимот на Гранче.
🥦Зелени и органски, а сепак урбани и инсипративни!

Oдбележан Европскиот ден за подигнување на свеста за цистична фиброза во Europe House Skopje

Денес, во ⭐️Europe House Skopje⭐️ беше одбележан Европскиот ден за подигнување на свеста за цистична фиброза.
Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир и Г-ѓа Elizabeta Gjorgievska ги слушнаа искуствата на докторите, семејствата и луѓето кои живеат со цистична фиброза. Напорите кои ги вложува Здружение за Цистична Фиброза(ЦФ) кон подобрување на третманот и квалитетот на живот, се неверојатни. Нивната борба е борба на секој од нас. Тие се вистинска инспирација!

Одебележан интернационалниот ден на толеранција во Europe House Струмица

⭐Europe House⭐ Струмица заедно со Center for Intercultural Dialogue (CID) во чест на интернационалниот ден на толеранција го организираше работилница насловена “United in diversity”. Младите учесници на денештиот настан заедно со модераторот Нами Исаки ги обработија и дискутираа за концептите на човекови права, недискриминација и толеранција.

Одбележан меѓународниот ден на толеранција – 16 Ноември – во Europe House Крива Паланка

✅Толеранцијата ја дефинираме како почит,прифаќање и негување на различностите кај различните култури,форми на само изразување и различните начини да бидеме луѓе.
📍Преку работилницата за млади на тема толеранцијата и нови генерации за мир и конструктивен диалог организирана по повод меѓународниот ден на толеранција – 16 Ноември во соработка со Center for Intercultural Dialogue (CID) се ставивме во многу различни ситуации со кои можеби никогаш лично не сме се соочиле и пробавме да ги сфатиме различните потреби кој секој еден од нас ги има за да може да има квалитетен живот.
🔗На оваа работилница присуствуваа и гости – интернационални волонтери од Црна Гора од организацијата YOUth Ambassadors of Non-Formal Learning со кои споделивме различни пракси за тоа како се негуваат различностите и како се практикува толеранцијата во нивната земја, а воедно уживавме во мултилингвистичката атмосфера во 🌟Europe House Крива Паланка🌟.
СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка

Работилница за правата на децата во Europe House Крива Паланка

👧🧒👦🇪🇺“Europe with children” беше насловот на работилницата за правата на детете која беше организирана од наставници од ООУ ,,ИЛИНДЕН,,во 🌟

🌟 по повод светскиот ден на детето, 20-ти Ноември.📍
😊Со многу игри и смеа поминавме низ патот кој требал да се помине за да се стигне до “Декларацијата за правата на детето” како и “Конвенцијата за човековите права” на Советот на Европа која ги заштитува правата на детето.
ℹ️Подетално запознавајќи се со правата на детето младите ја делат истата порака со Комитетот на министри на Советот на Европа дека зајакнувањето на правата на детето е клуч🔑 за Европа со докажана иднина🇪🇺🆒

Изложба на „Еко фотографии“ (Струмица)

Како кулуминација на серијата работилници “Basics of photography” под менторство на Столе Ангелов и “Eco Photography” под менторство на Александар Дончев, кои беа одржани изминатиот месец во организација на Europe House Струмица, нашите млади херои ја отворија и  Eco photograph  – Open air exhibition.

За жал фотографиите во изложбата се направени на неколку рекреативни и излетнички места во најблиска околина на Струмица, сите се автентични фотографии и ниту една од фотографиите на изложбата не е монтирана ниту преправена. Покрај тоа што сите овие места се чистат и средуваат примарно од комуналните служби, како и за време на еко акции организирани од страна на многу здруженија и Europe House Струмица, многу брзо истите места од несовесни граѓани се претвараат повторно во диви депонии.
Сите овие фотографии претставени на изложбата се само една бледа рефлексија од реалната ситуација со загадувањето во нашата околина.

 

 

Изложба „Мистеријата зад женскиот поглед“ на Ерина Богоева

Изложбата „Мистеријата зад женскиот поглед“ на Ерина Богоева беше отворена во КОТУР !
„Оваа изложба ја поставувам со надеж и дека некоја млада жена ќе се пронајде во погледите на овие жени и ќе продолжи да чекори по својот пат.“ – Ерина Богоева

Subscribe To our newsletter!