Сите сме слушнале за прочуената Нобелова награда – престижната награда што се доделува на оние што дале извонреден придонес за човештвото. Меѓутоа, малкумина знаат дека секој десетти декември светот го слави Денот на Нобеловата награда. Оваа почесна награда, која со децении инспирира голем број научници, писатели, активисти и визионери од целиот свет, своето потекло го должи на несебичната и далекосежна волја на Алфред Нобел. Со својата желба да ги награди и да ги истакне достигнувањата што го унапредуваат човештвото, Нобел поставил основа за систем на признанија што ги слави најдобрите умови и истовремено ги поттикнува новите генерации да се стремат кон откритија и дела што го движат светот напред.

Меѓу најпознатите добитници на Нобеловата награда се истакнуваат имиња што оставиле неизбришлива трага во историјата и останале запаметени од светот по своите откритија и идеологии. Алберт Ајнштајн ја добил наградата за физика во 1921 година за своето објаснување на фотоелектричниот ефект, откритие што подоцна ќе стане вистинска револуција на модерната физика. Марија Склодовска-Кири е единствената личност која ја добила наградата во две различни категории – физика (1903) и хемија (1911) – за нејзините откритија во полето на радијацијата. Наградата за мир отсекогаш предизвикувала големо внимание, особено во моменти како во 1964 година, кога ја добил Мартин Лутер Кинг помладиот за неговата борба за ненасилство и граѓански права. Нобеловата награда за литература ги воздигнала делата на автор(к)ите како Габриел Гарсија Маркес, Ернест Хемингвеј, Тони Морисон, Луиз Глик, кои преку своите дела го обликувале културниот пејзаж.
Годинешната Нобелова награда за литература ја доби јужнокорејската авторка Хан Канг, првата жена од Азија и првата Јужнокорејка која ја добила оваа реномирана награда. Позната по својот уникатен книжевен стил, нејзиното дело „Вегетаријанка“ се занимава со личните наспроти историските трауми и ја разоткрива сензитивноста на човековото постоење. Претходната година, наградата за книжевност ја доби норвешкиот писател Јон Фосе за неговите авангардни дела, додека во 2022 година наградата ја освои француската авторка Ани Ерно, позната по својата храбра и критичка авторска перспектива. Забележливо е дека последниве години, женскиот глас во литературата добива сѐ поголема видливост и ова покажува родово поместување кон поголема инклузивност во светот на книжевноста.

Кој бил Алфред Нобел?
Зад Нобеловата награда стои името Алфред Нобел, шведски пронаоѓач и индустријалец со широко познавање за светот, кое опфаќало повеќе науки: од лингвистиката до инженерството. На само 17 години Нобел зборувал пет јазици, а низ текот на својот живот измислил 355 патентирани иновации, меѓу кои најпознати се иновациите за динамитот и гелигнитот[1]. Покрај овие, тој работел и на развој на материјали и успеал да пронајде процес за создавање на рани форми на синтетичка свила, што подоцна ќе го најават почетокот на индустриските истражувања во оваа област. Сепак, Нобел не сакал неговото име да биде запаметено само по експлозивот и другите изуми. Во својот тестамент, потпишан во 1895 година во Париз, тој наредил неговото огромно богатство да се искористи за создавање награди што ќе ги препознаваат најголемите достигнувања за доброто на човештвото. Со оваа одлука, Нобел ги изненадил и ги вознемирил своите блиски, кои отпрвин остро се спротивставиле на неговата одлука. Дополнително, организациите и институциите што ги именувал во својот тестамент не биле подготвени да ја преземат одговорноста за спроведување на неговите замисли. Биле потребни пет години за да се надминат овие правни и административни пречки, по што, во 1901 година, конечно биле доделени првите Нобелови награди, поставувајќи ги темелите на традиција што трае и денес.

Што ја прави Нобеловата награда толку посебна?
Наградата првично се доделувала во пет категории: физика, хемија, медицина, книжевност и мир. Подоцна, во 1969 година, била додадена и наградата за економија, создадена од страна на Шведската банка во чест на Алфред Нобел. Победниците на оваа награда се нарекуваат Нобелови лауреати и тие добиваат диплома, медал и парична награда од 11 милиони шведски круни (околу 60 милиони денари). Покрај финансиската вредност, наградата, всушност, претставува признание што му носи огромен престиж на добитникот, кој потоа станува уште повлијателна личност во општеството. Интересно е што наградата за мир се доделува во Осло, Норвешка, додека преостанатите награди се врачуваат во Стокхолм, Шведска.

Интересен факт за Нобеловата награда е што понекогаш околу изборот на добитници се предизвикани контроверзни дебати по однос на етичките прашања, особено за наградата за мир, која честопати привлекува внимание поради политичките импликации. Дополнително, од основањето до денес, постојат лауреати кои одбиле да ја примат наградата, било поради лични убедувања или политички притисоци.
Церемонијата на доделување награди се одржува секој десетти декември, денот на смртта на Алфред Нобел. Денот има симболично значење и поради тоа е одбран и за официјален ден на Нобеловата награда. Лауреатите се објавуваат во октомври, но токму на овој ден тие свечено ги примаат своите награди од кралот на Шведска. Оваа традиција е симбол на почит кон визијата на Алфред Нобел и неговиот огромен придонес што продолжува да ги трансформира животите на луѓето низ светот. Церемонијата на доделувањето може да се следи во живо преку интернет. Всушност, овој ден станува своевиден празник на науката и уметноста.
Доротеа Огненовска
[1] Гелигнит – силен експлозив што бил ширококористен во градежништвото и во воената индустрија.
 
            


 
			 
			




 
			

 
  
 
 
			
 Зошто се слави Светскиот ден на уметниците?
Зошто се слави Светскиот ден на уметниците? Неоспорно е дека уметноста отсекогаш била нераскинлив дел од човековото постоење. Од најраните денови, кога првобитните луѓе ги цртале своите приказни на ѕидовите на пештерите, па сѐ до оние величествени ремек-дела на ренесансата и модерната уметност, уметничкиот јазик претставува најмоќната алатка за разбирање на светот околу нас. Во минатото, уметноста често била тесно поврзана со религијата и спиритуалноста. Египетските храмови, грчките скулптури и средновековните фрески имале длабокопрониклива естетска убавина, чија основана цел била воспоставување комуникација со божественото. Со текот на времето, уметноста се менувала и се развивала, но никогаш не ја загубила својата моќ да ги предизвикува ставовите и идеите на оние што ја создаваат и на оние што ја восприемаат. Речиси сите култури и цивилизации знаеле дека уметноста е исклучително важна; и поради тоа вложувале огромни напори за да ја зачуваат за идните генерации. Затоа музеите и галериите денес се сметаат за светилишта на највредните тајни на минатото. Музеите како Ватикан или Лувр сместуваат стари дела и служат како сведоштва за уметноста и нејзината безвремена улога во зачувувањето на колективната историја и култура.
Неоспорно е дека уметноста отсекогаш била нераскинлив дел од човековото постоење. Од најраните денови, кога првобитните луѓе ги цртале своите приказни на ѕидовите на пештерите, па сѐ до оние величествени ремек-дела на ренесансата и модерната уметност, уметничкиот јазик претставува најмоќната алатка за разбирање на светот околу нас. Во минатото, уметноста често била тесно поврзана со религијата и спиритуалноста. Египетските храмови, грчките скулптури и средновековните фрески имале длабокопрониклива естетска убавина, чија основана цел била воспоставување комуникација со божественото. Со текот на времето, уметноста се менувала и се развивала, но никогаш не ја загубила својата моќ да ги предизвикува ставовите и идеите на оние што ја создаваат и на оние што ја восприемаат. Речиси сите култури и цивилизации знаеле дека уметноста е исклучително важна; и поради тоа вложувале огромни напори за да ја зачуваат за идните генерации. Затоа музеите и галериите денес се сметаат за светилишта на највредните тајни на минатото. Музеите како Ватикан или Лувр сместуваат стари дела и служат како сведоштва за уметноста и нејзината безвремена улога во зачувувањето на колективната историја и култура.

 
			 
  
 
 
  
  На 26 септември, Делегацијата на Европска унија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје го одбележаа Европскиот ден на јазиците преку церемонија за доделување на наградата за најдобар студентски превод „Вавилон“ – Нова генерација 2024. На церемонијата на доделувањето беа присутни значајни личности од книжевниот и академскиот свет, кои го збогатија настанот со свои инспиративни говори. Амбасадорот на Европската унија во земјата, Михалис Рокас, се обрати пред присутните, коментирајќи ја важноста на преводот во денешниот свет и како тој служи како мост меѓу различните култури и општества. Во својот говор, тој нагласи дека македонскиот јазик, како и сите други јазици што се зборуваат во оваа земја, се составен дел на културното наследство. Деканот на Филолошкиот факултет, проф. Владимир Мартиновски, изрази искрено восхитување за трудот на младите преведувачи и нивната посветеност да го зачуваат јазичното богатство преку преводот. Тој истакна дека преведувањето не е само техничка вештина туку и уметност што бара креативност и длабоко разбирање меѓу двата јазика. Потоа, професорката Татјана Срцева-Павловска од Универзитетот АУЕ-ФОН, која беше менторка на една од работилниците во рамките на резиденцијата во Радожда, го сподели своето искуство за процесот на преведувањето како занает. Таа ја нагласи важноста на „занаетчискиот прибор“ што го стекнале учесниците на овој конкурс – сет од вештини и техники што ќе им послужат во иднина.
На 26 септември, Делегацијата на Европска унија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје го одбележаа Европскиот ден на јазиците преку церемонија за доделување на наградата за најдобар студентски превод „Вавилон“ – Нова генерација 2024. На церемонијата на доделувањето беа присутни значајни личности од книжевниот и академскиот свет, кои го збогатија настанот со свои инспиративни говори. Амбасадорот на Европската унија во земјата, Михалис Рокас, се обрати пред присутните, коментирајќи ја важноста на преводот во денешниот свет и како тој служи како мост меѓу различните култури и општества. Во својот говор, тој нагласи дека македонскиот јазик, како и сите други јазици што се зборуваат во оваа земја, се составен дел на културното наследство. Деканот на Филолошкиот факултет, проф. Владимир Мартиновски, изрази искрено восхитување за трудот на младите преведувачи и нивната посветеност да го зачуваат јазичното богатство преку преводот. Тој истакна дека преведувањето не е само техничка вештина туку и уметност што бара креативност и длабоко разбирање меѓу двата јазика. Потоа, професорката Татјана Срцева-Павловска од Универзитетот АУЕ-ФОН, која беше менторка на една од работилниците во рамките на резиденцијата во Радожда, го сподели своето искуство за процесот на преведувањето како занает. Таа ја нагласи важноста на „занаетчискиот прибор“ што го стекнале учесниците на овој конкурс – сет од вештини и техники што ќе им послужат во иднина. 
  
 

 
			 
  
 
 
  
 
 
  
 
 
			 
 





 
			 
 
 
  
 
 
  
 
 
  
 

 
			 
  
 

 
  
  
 