
На подкаст #7 со Тамра Ристоска ќе зборуваме за сите не доволно обележани патеки, незацврстени шахти, велосипедски патеки претворени во паркинг места, не доволно паркинг места за точаци, високи тротоари, пешаци на велосипедска и слични проблеми со кои се справуваат велосипедистите. И се ова ќе го збориме со вистинскиот човек – Бојан Ранташа кој е:
 

консултант за активен туризам, за развој на рурален и одржлив туризам,
 

консултант за социјално претприемништво и за одржлив развој на шумарство
 

туристички водич и
 

еден од најголемите активисти за развој на велосипедската култура!