Млади, стартап бизниси и иднината: Разговори за претприемништвото во Europe House Струга
Да развиваш сам(а) стартап е како да градиш куќа без архитектонски план и мајстори, или бизнис план, тим и ментори во претприемачкиот свет .
За крај на серијата #StartupMythbusters денес поразговаравме со Дарко од EcoNautic , Арбен од Creative BM , и Ивона од SUP Club Ohrid – стартапи од Југозападниот регион.
EcoNautic ги трансформира традиционалните во еко пловни објекти (чамци) со нула емисии.
Creative BM нуди софтверски решенија за енергетска ефикасност, како на пример интеграција на соларни панели, паметни уреди, куќни и бизнис системи.
SUP Club Ohrid нуди уникатни искуства на вода, еко-настани и екскурзии во природа, а притоа ја поддржува локалната заедница и се грижи за животната средина .
За атмосферата да биде опуштена, одговорен беше актерот и комичар Marjan Gjorgievski
Акцелераторската програма во Охрид беше со фокус на сината економија (blue economy), односно одржливо користење на водните ресурси за економски раст, подобрување на животниот стандард и работни места, истовремено зачувувајќи го екосистемот . Програмата успешно ја завршија 12 стартапи од регионот, а грантова поддршка добија 5 од нив .
Со овој серијал активности, во соработка со локалните Europe House , со скоро стотина млади разговаравме за предизвиците и можностите, митовите и реалните случувања на претприемачите – стартапи од програмата на EU4EG.
Развојот на стартапите, поддршката и акцелераторската програма се овозможени од проектот EU4EG, кофинансиран од ЕУ и Германската влада .