Europe House Битолабеше домаќин на една магична вечер исполнета со класична музика
На 26 октомври, Europe House Битола беше домаќин на една магична вечер исполнета со класична музика и инспиративна љубовна приказна. Присутните имаа уникатна можност да го следат емоционалниот свет на Velkro Project и нивниот концерт „Љубовна приказна.“
Овој настан ја пренесе длабоката и трагична љубов меѓу Јоханес Брамс и Клара Шуман, прикажана преку прекрасни музички дела инспирирани од стотиците писма што Брамс ѝ ги испратил на Клара. Концертот истакна не само нивната посветеност, туку и извонредниот талент на Клара како една од ретките жени-композитори во светот.
Публиката беше сведок на исклучителни изведби кои ја рефлектираа нивната длабока љубов, преточена во музика.