Резиденцијата на
е повторно домаќин на дела на македонски уметници, овојпат споени под насловот „БЕГСТВО„ како продолжение на претходната изложба „Уметноста на досадата”, која беше инспирирана од изолацијата што произлезе од пандемијата во текот на изминатата година.

Уметничката изложба беше отворена од Амбасадорот Дејвид Гир и Министерот Бујар Османи, а изборот на уметници го изврши скопската галерија „Акантус”.
„БЕГСТВО” опфаќа дела што нудат излегување од реалноста преку неверојатна уметност, и ќе биде отворена за јавноста до 30 јуни 2021 година.