Краткометражниот филм “Моите, твоите и нашите улици”, реализиран од страна на UNDP MK, ги истражува реалните предизвици кои ги соочуваат младите во Велес, Битола и Струга. Вчеравечер, филмскиот караван заврши во Велес, каде младите имаа можност да ги споделат своите секојдневни искуства и обиди за подобрување на меѓусебното разбирање и соживот.