Вчера во Струмица се обележа #InternationalYouthDay на еден поинаков начин. Млади од цел Југоисточен регион учествуваа во еднодневниот #StrumicaYOUthFestival, се дружеа, соработуваа, научија нешто ново играа игри без граници и на крај се забавуваа заедно со Јовче Пандев.
Здружените сили и идеи на 𝑬𝒖𝒓𝒐𝒑𝒆 𝑯𝒐𝒖𝒔𝒆 Струмица, Центар за истражувања и анализи НОВУС / Center for research and analysis, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица и поддршката од Општина Струмица, го направија овој 12 август – Светски ден на млади да биде посебен.