Вчера вечер се одржа првата средба од Book Club Europe House. Дискутиравме инспирирани од темите на „Бизарни раскази“ на полската писателка Олга Токарчук. Амбасадорот на наградата „Вавилон“ – Владимир Мартиновски ја започна дебатата која се разви во значајна дискусија помеѓу учесниците, надополнета од Лидија Танушевска – преведувачката на расказите, издадени во рамки на програмата Креативна Европа.