Europe House Струмица заедно со Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица организираше обука за ментално здравје. Тема на обуката беше менталното здравје како поим и поврзаноста помеѓу физичкото, социјалното и менталното здравје кај младите.
Работилницата ја водеа првите врснички едукатори за ментално здравје Лука Митев и Ангела Витанова.