Наша одговорност е да се грижиме за планетата Земја, да преземеме акција сега и да ја зачуваме за следните генерации. Да работиме заедно за да го направиме подобро место за сите.
По повод денот на планетата земја во Europe House Крива Паланка го прикажавме најдобриот краток филм на GREEN Film Festival во режија на Леона Јариќ и заедно со група млади дискутиравме за значењето, уникатноста на нашата планета и како да ја зачуваме.