Три претстави ќе бидат изведени во Кочани до крајот на месецов. Ги организира Јуроп хаус како дел од есенската културна и едукативна програма во Кочани, во соработка со Центарот за култура „Бели Мугри“ и SupportKochani.
На 25 октомври во 20 часот ќе биде изведена „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. На 27 октомври во 13 часот ќе биде изведена „Црвенкапа“ на Александар Поповиќ во режија на Димитар Христов, на Театарот за деца и младинци од Скопје, а на 29 октомври во 20 часот-
„Сите прекрасни нешта“ во режија на Нела Витошевиќ, на Народниот театар од Штип
Настаните ќе се одржат во Центарот за култура „Бели Мугри“, а влезот е бесплатен. Со програмата, Јуроп хаус ги поддржува културните иницијативи во Кочани.