25ти ноември е Меѓународен ден на спречување насилство врз жените и девојчињата. Активистите го одбележуваат како ден против родовото насилство од 1981 година. Датумот е избран во чест на сестрите Мирабал, три политички активистки од Доминиканската Република кои биле брутално убиени на 25 ноември 1960 година поради отпор кон тогашниот државен режим.
Амбасадорот Дејвид Гир беше дел од означувањето на почетокот на кампањата спроведувана заедно со UN_MK и Osce – Mission to Skopje. Одбра ‘DELETE’ со цел да спречи дигитално насилство врз жените и девојчињата. Кампањата е во траење од 16 дена со активности кои се одржуваат во портокалова боја
се’ до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.