„Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“ - Europe House

16 Мар

BACK

„Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“

Кој ја плаќа цената на нееднаквоста❓
Во Јуроп хаус Скопје се одржа панел-дискусијата „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“, која ги обедини претставниците на граѓанскиот сектор, академијата, бизнис заедницата и институциите за да разговараат за економските последици од родовата нееднаквост.
Настанот го отвори Бен Нупнау, вршител на должност амбасадор на Делегацијата на ЕУ, со што официјално ја најави кампањата „Носи ја промената“ (Wear the Change) — годишна иницијатива предводена од Јуроп хаус, Делегацијата на Европската Унија и амбасадите на земјите членки на ЕУ.
Дискусијата се фокусираше на економските предизвици со кои се соочуваат жените во текот на целиот животен циклус — од образованието и влезот на пазарот на труд, до кариерниот развој, претприемништвото, грижата за семејството и пензионирањето. Панелистите истакнаа дека родовата нееднаквост не е само социјално, туку и економско прашање со реални финансиски последици за поединците, домаќинствата, бизнисите и економскиот раст на државата.
Панелот, модериран од Кристина Хаџи-Василева, обедини различни перспективи со учество на Никица Кусиникова (Konekt.mk ), Биљана Петровска – Митревска (НФФ) и Македонка Димитрова, универзитетска професорка и претприемач.
Се разговараше за економската вредност на неплатениот труд за грижа, родовиот јаз во платите, прекините во кариерата, како и за структурните бариери што го ограничуваат економскиот напредок на жените — од работната култура и пристапот до грижа за деца, до нееднаквата сопственост на имот.
Subscribe To our newsletter!