Upcoming Events Archives - Europe House

Можности за ЕУ финансирање во сектор култура

Јавен повик до сите уметници, театарџии, музичари, продуценти, културни работници и културни институции:

На 14 октомври со почеток во 17:30 часот во просториите на Europe House ќе се одржи информативна сесија која има за цел да ја подигне свеста за различните европски и национални финансиски фондови кои финансираат проекти поврзани со културата во Северна Македонија.

Настанот ќе го промовира и Балканскиот водич за финансирање на проекти во областа на културата (Mobility Funding Guide for the Balkan Region) кој ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со споментатите фондови, начини на аплицирање и можност за соработка со други културни институции од Европа и регионот. Дополнително, настанот ќе понуди можност за разговор и потенцијално вмрежување на претставници од институции поврзани со независната сцена и националните културни институции од земјата кои ќе можат да разменат знаења и пракси.

Настанот ќе го предводи Д-р Филип Петковски кој беше дел од работилницата за развивачи на културна мобилност (cultural mobility developers), поддржана од организациите Motovila (Љубљана) и On The Move (Брисел) која се одржа помеѓу 26 и 28 септември во Љубљана и Крањ, Словенија.

Jazz for Kids

Skopje Jazz Festival во соработка со Europe House Skopje ги поканува сите заинтересирани мали џезери и џезерки на работилница под наслов „Jazz for Kids“ – основи на џезот и импровизацијата низ предавање, игра и вежбање на разни перкусивни инструменти (тапани, удиралки, звончиња, дајриња и сл.). Работилницата ќе ја водат познатите џез барабанџии Гоце Наумов (Македонија) и Марјан Станич (Словенија).

Возраст: 5-12

Датум: 15.10.2022 (сабота)

Време: 12:00-13:30 часот

Место: Europe House Skopje

ВАЖНО! Работилницата е бесплатна, но бројот на места е ограничен на 15 деца. Вашите пријави, кои треба да содржат име и презиме на детето + неговата возраст, испратете ги на sjf@skopjejazzfest.com.mk најдоцна до петок, 14.10.2022 во 14:00 часот. Предност при селекцијата ќе имаат оние што ќе се пријават најрано.

Прва информативна средба за „Вавилон“

На 13 октомври, во 17:00 часот, ќе се одржи првата информативна средба за десеттото издание на Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“.
На оваа работилница ќе слушнете кои се главните критериуми за учество, процесот на оценување, придобивките од учеството и освојувањето на наградата, а потоа ќе слушнете искуства и корисни совети од искусни книжевни преведувачи на што треба да се внимава при преведувањето.
Исто така детално ќе објасниме како да изберете дело што ги исполнува критериумите за конкурсот.

Europe House и Скопски маратон

На 2 октомври ќе се одржи најмасовниот и најпопуларен спортски настан кај нас, Скопскиот маратон!🏃‍♂️
За време на маратонот, Europe House Скопје ќе биде отворен за јавноста/маратонската публика, нудејќи содржини и за децата и за пошироката јавност, навивачка поддршка за тркачите, музичка програма и мали подароци.
Ве каниме заедно да ги бодриме маратонците додека се забавувате во разновидните содржини:
– Отворени ликовни работилници за мали деца со Ликовното студио Доротеј Нешовски (09.00 – 12.00 часот)
*Ќе се одржуваат истовремено две работилници за цртање за деца: една работилница за цртање со креди на тротоарот пред Europe House и една внатре во Europe House, со маркери во боја. Децата кои ќе учествуваат (отворена и за случајни минувачи) ќе цртаат еколошки мотиви.
– Дружба со Младите европски амбасадори
– Диџеј музика пред просториите на Europe House
– „Сувенири од Скопје“ – препознатливите сувенири со мотиви од скопски знаменитости, воедно и креатори на медалите на Скопски маратон, ќе бидат изложени за заинтересираните.

#BeActive Day

Во склоп на Европската недела на спортот ве покануваме заедно да го одбележиме #BeActive Day!

Традиционално по трети пат го организираме кај нас. Овој ден е дел од големата европска иницијатива која промовира визија за повеќе луѓе низ Европа и кај нас да бидат поактивни и поздрави.
За таа цел на 1 Октомври (сабота) од 12:00 часот организираме голем настан на повеќе локации во Градскиот парк во Скопје. Главните активности ќе бидат на терените на ФК Работнички, но следете ја мапата за другите забавни содржини низ целиот парк!

Подгответе се за забава и за вежбање на многу дициплини!

 

17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал AsterFest Film Festival

𝑬𝒖𝒓𝒐𝒑𝒆 𝑯𝒐𝒖𝒔𝒆 Струмица се приклучува кон „Светлините на астерот“.

Од 5️⃣ти до 9️⃣ти август ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал AsterFest Film Festival.

⭐𝑬𝒖𝒓𝒐𝒑𝒆 𝑯𝒐𝒖𝒔𝒆 ⭐ве поканува во сабота 6️⃣ти август, да го проследиме филмскиот портрет на легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, а додека недела, 7️⃣ми август е резервирана за „мини филмска работилница“ на која заедно со Владимир Перович ќе имаме можност да научиме повеќе за уметноста и мајсторството наречено филм.

Сите вечерни проекции започнуваат од 20:30 часот, во летниот Амфитеатар во Градскиот парк, а придружните настани ќе бидат во „Европска куќа“ (Europe House) во Струмица.

Сите заинтересирани за учество на гореспоментите настани кои ќе се одржат во ⭐𝑬𝒖𝒓𝒐𝒑𝒆 𝑯𝒐𝒖𝒔𝒆 ⭐ може да се информира во приватна порака или на следниот мејл: 𝐀𝐬𝐭𝐞𝐫 𝐅𝐞𝐬𝐭 – 𝐚𝐬𝐭𝐞𝐫𝐟𝐞𝐬𝐭@𝐠𝐦𝐚𝐢𝐥.𝐜𝐨𝐦

 

Creative Talks #24: Mateja Nikolikj

Во четврток се дружиме со Матеја Николиќ!
Арт директор во Fabricca, магистер инжинер архитект, илустраторка, графичка дизајнерка, креатор на визуелните приказни на многу од нашите омилени брендови како Импров Група, Здраво Млади, Pluto’s Doubts…
Ќе зборуваме за инспирацијата, различните пристапи во создавањето на креатива, уметноста како инспирација и притисокот да се создава и промовира уметноста во денешницата.
Ве чекаме од 19ч во Europe House Skopje! 😊

Работилница за книжевен превод од романски и словенечки со Лидија Димковска

Во рамки на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ ве покануваме на работилница за книжевен превод на словенечки и романски јазик во Europe House Скопје.
Работилницата ќе ја води Лидија Димковска, добитничка на Европската награда за литература, авторка на бројни романи и збирки поезија, како и преведувач од романски и словенечки.
Гостин на работилницата ќе биде Владимир Мартиновски, амбасадор на наградата за најдобар млад преведувач Вавилон, професор, писател, преведувач.
Работилницата ќе содржи кус теоретски дел со акцент на најчестите грешки при книжевното преведување, преведувањето деминутиви, идиоми и други карактеристични зборови и синтагми, на преведувањето култури, на сличностите/разликите меѓу изворниот и целниот јазик и сл.), потоа ќе следува работа врз конкретни текстови (индивидуално и споредбено во групи), претставување на преводот, анализа на преводите, дискусија и консултации.
18.08.2022 од 10:00-13:00ч. во Europe House Скопје.
Сите заинтересирани може да се пријават најдоцна до 17.08.2022 на:  euinfo@europehouse.mk

Europe House Book Club

По примерот на големите книжевни Европски метрополи – Париз, Берлин, Прага, Рим сакаме да создадеме патувачка машина која ќе не понесе на истражување на Европските земји и култури.
Летното време е идеално за нови мисловни патувања и полнење на креативните батерии. Затоа го креиравме нашиот Book Club во кој ќе го започнеме разговорот околу книгите – но тој ќе води до подлабоки позначајни врски кои секогаш формираат доживотни пријателства.. Придружете ни се и откријте широк спектар на нови книги, нови автори, нови пријатели, запознајте се со авторите, со преведувачите и на крајот дознајте и нешто ново за себе.
Нашиот Book Club е во рамки на „Вавилон“ наградата за најдобар млад книжевен преведувач, а ќе го води проф. Владимир Мартиновски. Владимир е поет, раскажувач, есеист, теоретичар, преведувач и Амбасадор на „Вавилон“ наградата за Млад книжевен преведувач. Професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Сликар и љубител на музиката. Личност со која книжевните разговори секогаш добиваат поголема димензија опфаќајќи теми од уметноста, културата и општественото живеење.
Така што, ако твојот фокус на интерес е некоја од овие теми, одбери го датумот и книжевното дело и те чекаме на ново заедничко патување.
Книжевниот клуб ќе се одржува во просториите на Europe House Skopje и првите средби се закажани за:
📚27 јули (среда) „Бизарни раскази” од Олга Токарчук (превод: Лидија Танушевска, издавач: Антолог, 2022, стр. 220)
📚17 август (среда) „Нешто ќе се случи, ќе видиш” од Христос Иконому (превод: Петар Андоновски, издавач Или-или, 2021, стр.197)
📚14 септември (среда) „Италијански приказни” од Итало Калвино (превод: Радица Никодиновска, Издавач: Три, 2022, стр. 948)
Почеток: 18:30ч
За секоја од сесиите претходно е потребно да се пријавите најдоцна ден пред датумот на кој сакате да присуствувате: euinfo@europehouse.mk
Местата ни се ограничени.
Со задоволство ви посакуваме добредојде во нашиот мал, но широкоград Book Club!
Subscribe To our newsletter!