Под слоганот „Наша Европа“, Денот на Европа 2026 во текот на мај ќе се слави низ целата земја преку активности кои ги поврзува културата, природата, мобилноста и играта. Главниот настан ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје.
Затоа, на 9 мај, дојдете и уживајте во Градскиот парк во различните зони на европски начин!
– Музичка зона – сцената на „Школка“ ќе ја збогатат live бендови и DJ сетови кои го носат духот на Европа и урбаните звуци за сите генерации.
– Ги поддржуваме локалните производители на Зоната за локални вкусови. Ќе може да уживате во внимателно подготвени вкусови од локалната занаетчиска гастрономија – Slow Food Водно, но и многу повеќе производители!
– Зона на „Mаалски бувљак“ – со Kреативно студио „Комбо“.
Препознатливиот „Маалски бувљак” доаѓа во Градскиот парк! Циркуларната економија е особено важна за малите бизниси — токму затоа, од населба Железара го носиме бувљакот во Градскиот парк.
– Да живееш одржлив начин на живот е стил! Токму таква зона за одржливост со локални производители, предводени од Yes for Less! Ќе имате можност да ги погледнете зелените иницијативи на едно место и да се приклучите на европскиот, одржлив стил на живот.
– Зона на растенија и растителни изработки – со Цветко.
Љубители на растенија и растителни изработки — ова е вашата зона! Cе фокусираме на домашната, европската и светската култура на заедницата преку љубовта кон растенијата.
– Зона на активности за сите – со #TeamEurope
Забава и активности за сите возрасти! Придружете се на Team Europe и искусете го духот на Европа на интерактивен начин.
– Food Corner – Зона за храна
Искусете различна храна и пијалаци за сечиј вкус = cовршен рецепт за дружење.

