Дарја Ризова е дипломирана актерка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 2013 г. работи во Македонски народен теaтар. По вработувањето работи континуирано на внимателно одбрани проекти во матичната куќа, недозволувајќи си себеси површност и било каков вид на компромитација.
Овие високи амплитуди на професионализам се забележани од страна на речиси сите исклучителни режисери и фестивалски жирија. Во последниве неколку години работи со Јавор Грдев во „Бесачи“, со Паоло Маѓели во „Еден месец на село“, ја игра „Електра“ кај Андреј Жолдак и многу други. Само оваа година е наградена пет пати за улогата Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ. За улогата Електра е наградена на четири фестивали: МЕСС Сараево, Стоби, ФИАТ- Подгорица и на Војдан Чернодрински.