Конкурс за награда за најдобар студентски превод „Вавилон – Нова генерација“ 2026 - Europe House

16 Мар

BACK

Конкурс за награда за најдобар студентски превод „Вавилон – Нова генерација“ 2026

Конкурс за награда за најдобар студентски превод „Вавилон – Нова генерација“ 2026

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 01 април 2026

Делегацијата на Европската унија, Јуроп хаус и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје,
со задоволство го објавуваат Конкурсот за награда за најдобар студентски превод и студентска
резиденција за книжевен превод „Вавилон – Нова генерација“ 2026.

Повикот е упатен до сите универзитетски студенти (не постари од 27 години) кои во моментот
на конкурирање се запишани најмалку на трета година студии на кој било од факултетите во
земјава. Кандидатите треба да се пријават на конкурсот со превод од некој од 24-те службени
јазици на Европската унија, кон кој било од јазиците што се зборуваат во земјата.

Повеќе за конкурсот (ЛИНК)

Subscribe To our newsletter!